За нас
Општинското основно училиште „Видое Подгорец” Колешино е лоцирано во општина Ново Село и претставува институција од воспитен и образовен карактер со задолжително деветгодишно образование.
Училиштето го сочинуваат: едно централно деветгодишно училиште во Колешино и две подрачни петгодишни училишта во Мокриево и Мокрино и во него се школуваат ученици од пет населени места.
Со своите цели и задачи е дел од темелот на основното воспитание и образование со кое се дефинира „новото училиште“ или педагошкиот четириаголник врската родител-ученик-наставник-локална самоуправа.
Матичното училиште е сместено во Колешино покрај асфалтиран пат кој ги поврзува населените места од подгорот со градот Струмица и според местоположбата обезбедува прифаќање и на учениците од с.Габрово чие матично училиште е ООУ „Маршал Тито” Муртино.
Од нашите училишта произлегле многубројни кадри од различен профил од квалификувани работници до лекари, професори, наставници, правници, економисти, музичари до доктори на науки.
Со демографските движења и нискиот прираст на населението не останува имун и овој регион во кој гравитираат и подрачните училишта и таа тенденција на опаѓање се потврдува и со бројот на учениците кој се намалува во споредба со претходните години.
Структурата на населeнието на ниво на регион е различна, но пред се најголем број на населението е со основно образование, помал дел со средно и многу мал дел со више и високо образование како и еден дел со неоформено основно образование. Популацијата пред се се занимава со земјоделска дејност, а голем дел се и на привремена работа во странство.